Папата ги критикува двојките кои не сакаат да имаат деца

Папата Франциск упати критика до двојките кои се одлучуваат да немаат деца.

„Премногу двојки немаат деца затоа што не сакаат, или имаат само едно затоа што не сакаат повеќе. Но, тие имаат две кучиња, две мачки. Кучињата и мачките го заземаат местото на децата. Да, ве разбирам, тие ве насмевнуваат, но тоа е реалноста“ – порача папата пред насобраните во Ватикан.

Тој предупреди дека цивилизацијата старее и нема хуманост бидејќи се губи богатството на родителството.

„Оние кои живеат во светот и стапуваат во брак мора да размислуваат да имаат деца. Да се има деца по природен пат или преку посвојување е ризик, но немањето е уште поризично,“ рече папата Франциск.