Шестмина загинати во Сакраменто – маж пукал кон луѓе во близина на ресторан

Американската полиција соопшти дека најмалку 6 лица загинале, а 9 се повредени при пукотници во центарот на Сакраменто, Калифорнија.

Полициската управа на Сакраменто соопшти дека пукањето се случило рано утринава, а засега не е познато во каква состојба се повредените.

Како што јавуваат медиумите, маж од автомобил отворил оган кон луѓето во близина на ресторанот „Ел Санто“, испукал 50-тина куршуми, а потоа избегал од местото на настанот.

Полицијата на Твитер објави дека на местото на несреќата ќе останат голем број полицајци.

https://twitter.com/MalikEarnest/status/1510561170641498116?s=20&t=UVeM3XwijcbvxUAyKhRNJw

https://twitter.com/MalikEarnest/status/1510565130651676673?s=20&t=UVeM3XwijcbvxUAyKhRNJw