Шер (77) откри зошто излегува само со помлади мажи

Пејачката Шер (77) откри дека одбила состанок со Елвис Присли. „Тоа е затоа што бев малку нервозна поради неговата репутација. Навистина сум малку срамежлива околу мажите“, изјави музичарката за шоуто на Џенифер Хадсон.

Таа објасни и зошто најчесто излегува со помлади мажи. „Причината зошто излегувам со млади мажи е тоа што мажите се на моја возраст или постари… Па, сега сите се мртви. Порано се плашеа да ми пријдат, а помладите мажи беа единствените кои …” Рекла пејачката па водителката искоментирала: „Храбри се“. Шер се согласи со неа. „Тие се израснати од жени како мене“, додаде таа.

Да потсетиме дека Шер е во врска со 40 години помладиот рапер Александар Едвардс неколку години. Двојката првпат беше видена како се држат за рака во Лос Анџелес во ноември 2022 година, а Шер го направи своето прво појавување на црвениот тепих со Едвардс минатиот март кога се бакнаа пред камера. Минатиот септември на ревијата на Balmain во Париз официјално потврдија дека се во врска.

Познатата пејачка минатата година гостуваше во The Kelly Clarkson Show каде ја коментираше големата разлика во годините меѓу неа и Едвардс.

„Па, тоа е некако смешно на хартија, но во реалноста навистина добро се сложуваме. Тој е фантастичен и не им давам на мажите квалитети што не ги заслужуваат. Тој е многу љубезен, паметен, талентиран и навистина смешен. А јас мислам дека и тој е прилично убав“, рече таа тогаш.

„Да не запознав помлади мажи во мојот живот, никогаш немаше да излегувам, бидејќи постарите мажи не ме сакаа толку многу“, додаде таа.