Швајцарски тајкун сака да го купи Челси
Хансјоерг Вис (87) – швајцарски бизнисмен Хансјоерг Вис сака да го купи англискиот фудбалски клуб Челси од рускиот милијардер, Роман Абрамович.
„Абрамович сега се обидува да ги продаде своите вили во Англија. Исто така, сака брзо да се „ослободи“ од Челси. Јас, заедно со уште тројца луѓе, во вторникот добив понуда да го купам Челзи од Абрамович“ – изјавил Вис за швајцарскиот весник „Блик“.
Милијардерот навел дека ќе мора да почека четири до пет денови за да види како ќе се одвиваат работите.
„Абрамович во овој момент бара премногу. Челси му должи две милијарди фунти, но Челси ги нема тие пари, така што, тој што ќе го купи Челси ќе мора да му надомести на Абрамович“ – посочил Вис.
Според него, точната продажна цена на Челси сè уште не е дефинирана.
Актуелниот европски првак Челси во саботата мина во рацете на локална хуманитарна организација, откако Абрамович се повлече од клубот поради војната во Украина.