Шакира расплакана на улица во Њујорк

Шакира деновиве беше во Њујорк, каде што учествуваше во „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“. Таа отишла на шопинг во Големото јаболко, но папараците ја уловија во продавница – видена е како плаче.

Иако се обиде да го покрие лицето за да не биде забележана, беа направени неколку снимки и брзо споделени на интернет.

Шакира ги однела своите мали деца Саша и Милан на Тајмс Сквер, а потоа отишла во продавницата за чоколади M&M, каде што двете момчиња изгледале среќно избирајќи ги нивните бонбони, па дури и неколку плишани животни.

Додека нејзините деца среќно избирале што да купат, нивната мајка се расплакала и дури се обидела да се покрие со раката за фотографите да не можат да ја фотографираат.

Шакира била забележана како разговара со друга жена и штом завршил нивниот разговор, таа се расплакала.

Колумбиската ѕвезда минува низ тежок период по раскинувањето со поранешниот централен бек на Барселона, Жерар Пике, а рзделбата се случи минатата година.

Фотографиите на кои се гледа како плаче предизвикаа загриженост кај нејзините обожаватели.