Четири лица, меѓу кои и 10-годишно девојче, загинаа во руски ракетен напад врз областа Одеса, а уште седум лица се повредени, објави гувернерот на областа Одеса, Олег Кипер.
„Русија го нападна регионот Одеса со балистички ракети „Искандер-М“ од 18 до 18:30 часот по локално време“, изјави Кипер без да прецизира колку проектили го погодиле регионот, пишува „Киев Индипендент“.
Меѓу повредените има и маж во тешка состојба на кој му се ампутирани долните екстремитети. Според Кипер, во нападот била оштетена транспортна инфраструктура и камиони.