Честитки за Народна банка од европските гувернери
Кристалина Георгиева – директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, потпретседателката на Светска банка, Ана Бјерде, генералниот менаџер на Банката за меѓународни порамнувања, Агустин Карстенс, како и голем број на гувернери на централни банки од Европа и го честитаа јубилејот 30 години од осамостојување на Народната банка.
„Честитки до Народната банка на Република Северна Македонија за овој важен јубилеј ‒ вашата 30-годишнина, како и на тоа дека останавте сидро на стабилноста на Северна Македонија“ напиша Георгиева.
„Честитки за 30-годишнината од монетарната независност и стабилниот економски раст откако ја издадовте вашата валута, денарот! Со задоволство очекувам да ја продолжиме нашата тесна соработка“ се вели во честитката на Лагард.
На листата на оние кои и оддаваат признание на Народната банка се и гувернерот на Централната банка на Франција, Франсоа Вилерој де Гало, претседателот на централната банка на Холандија, Клас Нот, гувернерот на централната банка на Италија, Виско, како и на Словенија, Хрватска, Унгарија, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.