Во трката за нов мандат како претседател на ЗНМ, е сегашниот претседател Младен Чадиковски, новинар во телевизија 24. Чадиковски стана претседател на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) во 2018. Тој беше избран на денешното редовно изборно собрание на кое од вкупно 555 членови присуствуваа 175, а за него гласаа 86. Неговиот противкандидат во трката за прв човек на ЗНМ Стојанче Наумов доби 77 гласови. Пред него функцијата претседател на ЗНМ во два мандата ја вршеше Насер Селмани. Чадиковски беше уредник и во згаснатата А1 телевизија, потоа уредник во Телевизија 24, фунција која ја извршуваше се до именувањето на претседател на ЗНМ кога реши да се повлече и ја води емисијата 24 Отворено.
- Навистина сум горд што успеавме да го подигнеме нивото на солидарност меѓу фелата, да не се делиме на наши и ваши, туку сите да гледаме напред. Има уште многу работи што може да се направат, но во изминатиот период, двата клучни закона кои ги чекавме, ги добивме. Клеветите и навредите кон новинарите се намали казната пет пати. Од 2000 евра на 400 евра, но тоа не значи дека новинарите не треба и понатаму да бидат одговорни во своите написи. Го дочекавме и оној закон со кој напад врз новинар да се смета како напад врз службено лице – вели Чадиковски.
Чадиковски смета дека треба да се издигне уште повеќе нивото на регионалните центри на ЗНМ што и порано било приоритет. Не секогаш сите работат со иста динамика и еднакво темпо. Затоа и во новите согледувања, има многу точки кои се однесуваат на секциите за да се лоцираат проблемите на новинарите било од каде да доаѓаат.