Ципрас: Секојдневието на граѓаните со Владата на Мицотакис веќе потсетува на Survivor!
„Секојдневието и живот на граѓаните со Владата на Мицотакис веќе потсетува на Survivor. Кој ќе преживее, кој ќе издржи“ е пораката која од Солун ја испрати лидерот на СИРИЗА – Алексис Ципрас.
Тој се осврна на два до четирипати повисоките цени на струјата, на „бензинот што се искачи на речиси 2,5 евра, инфлацијата стигна до двоцифрен број, над 10 отсто“ и ги повика сите демократски и прогресивни граѓани, особено сите оние кои ја поддржаа СИРИЗА – „да стават крај на овој кошмар“.
Грчката опозициска партија в недела ќе одржи избори за претседател и членови на Централниот комитет, а единствен кандидат за лидер на партијата е актуелниот претседател – Алексис Ципрас.