Целта на Шолц – 80% од луѓето во Германија да бидат вакцинирани до 7. јануари

Канцеларот Олаф Шолц планира и посакува 80% од луѓето во Германија да бидат вакцинирани до 7. јануари, јавува „ДПА“.

Портпаролот на неговиот кабинет – Штефен Хебешрајт вели дека целта од 80 отсто се однесува на оние со прва доза. Во моментов, 61,2 милиони луѓе во Германија се вакцинирани со најмалку една доза, што е 73,6 отсто од вкупното население.

За да се достигне целта од 80 проценти, на околу 5,3 милиони луѓе мора да им се аплицира првата доза до 7. јануари.

Шолц спомена и дека ќе се организира нова кампањата за вакцинација.