Бајден ќе e помотивиран за втор мандат ако и Трамп се кандидира на следните избори

Претседателот на САД – Џо Бајден (79) во интервју за телевизијата „Еј-Би-Си“ рече дека доколку Трамп се кандидира на претседателските избори во 2024 година, ќе биде уште порешителен да се кандидира за втор мандат.

„ Јас прилично ја почитувам судбината. Судбината многупати ми се мешаше во животот. Ако имам добро здравје како што сум сега, повторно ќе се кандидирам. Зошто не би се кандидирал повторно против Трамп? Всушност, тоа би ја зголемило веројатноста да се кандидирам“ рече тој.

Бајден е најстариот претседател во историјата на САД.