Хрват возел пијан по автопат, дрегерот покажал 4,28 промили алкохол
Полицијата во хрватскиот град Карловац на автопат запрела автомобил чиј возач возел под дејство на алкохол.
45-годишник при контрола имал 4,28 промили алкохол во крвта. Инцидентот се случил вчера во 12.15 часот на автопатот кај Новиград, а возилото било од Славонски брод, соопшти денеска полицијата.
Возачот е исклучен од сообраќај и сместен во посебни простории на полицијата додека алкохолот не престане да делува, а ќе биде санкциониран согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот.