(Видео) Вучиќ ги повика на дијалог „сите одговорни во општеството“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на својот Инстаграм профил со видео порака им се обрати на граѓаните во која ги покани на дијалог „сите одговорни“ во општеството.

„Почитувани граѓани, имаше многу што не поделија и разделија претходните недели. Време е да се обединиме и заеднички да ги решаваме проблемите. Затоа поканувам уште еднаш да разговараме со сите одговорни во нашето општество кои преку дијалог можат да обезбедат шанса за стабилност и натамошен напредок на нашата земја“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека следната недела имаат многу обврски, и разговори со сите европски лидери.

„Сакам да му се заблагодарам на народот за огромната поддршка и за разбирањето колку се бориме за нашата Србија. За оние кои се плашат, кои се прашуваат дали ќе се откажеме и ќе попуштиме под притисок, мојот одговор е – нема предавање и никогаш не се размислувало за предавање“, заклучи претседателот на Србија.