Најсподелуваната содржина денеска на социјалните мрежи, а воедно и најкоментирана несомнена е онаа на работникот Полику Авдиу за време на денешната посета на фабриката „Текстил Солушн“ на премиерот Димитар Ковачевски.
Авдиу ја испофали минималната плата од 18.000 денари и рече дека се вратил од Германија да биде текстилен работник во Македонија.
„Јас сум задоволен. Јас 18 години работев во Германија. Ја напуштив Германија. Ме донесе среќата во оваа компанија, пред осум години се запослив и мислам дека условите ги најдов исто како во Германија. Младите викаат идеме во Германија ама и животот таму не е како што мислиме ние. Сега 18.000 денари мислам дека не е многу, ама за еден скромен живот ќе се онади. Мислам дека и понатаму ќе растат платите, ако работиме повеќе, директорите ни носат нови и нови машини и продуктивноста ќе расте“ – рече Авдиу.