Поранешниот министер за финансии- Џевдет Хајредини на својот Фејсбук профил коментира „прашање е дали мораше и дали беше неопходно и најсоодветно, токму во време кога се решава еден од Бугарија наметнат чисто национален спор, министер за надворешни работи да биде еден Албанец и тоа по струка лекар“.
„Притоа го имам предвид и со Устав загарантираното право на секој граѓанин да биде носител на било која функција во државата.
П.С.
Освен тоа, време е Бујар Османи да кажува за што со Бугарите, заедно со Бучковски, разговарале и преговарале, кога цело време тврди дека Бугарија не ги спори ни името ни македонскиот јазик и дека за тоа никогаш не се разговарало“ напиша Хајредини на ФБ.