Според медиумите во Британија, децата на принцот Хари и Меган Маркл нема да добијат статус на Неговото Кралско Височество (HRH) кога кралот Чарлс III ќе ги назначи за принц и принцеза.
Се очекува наследниците на војвотката и војводата од Сасекс, Арчи и Лилибет, во блиска иднина и официјално да станат принц и принцеза, бидејќи Чарлс се согласил да им ги додели титулите. Но, по тензичните разговори со новиот крал во последните денови, Меган и Хари се бесни што нивните деца нема да ги добијат титулите Неговото Кралско Височество.
Познатиот пар истакна дека ќерките на принцот Ендру имаат статус на HRH иако не се членови на кралското семејство.
„Хари и Меган беа загрижени за безбедносното прашање бидејќи луѓето со титула принц или принцеза имаат одредено ниво на загарантирана безбедност. Во текот на изминатата недела многу се зборуваше за ова. Тие инсистираа дека Арчи и Лилибет се принц и принцеза. Тие беа немилосрдни откако умре кралицата. Но, тие се бесни што Арчи и Лилибет не можат да ја добијат титулата HRH. Сепак, тоа е договорот – тие можат да бидат принц и принцеза, но не и ХРХ бидејќи тие не се членови на кралското семејство“ пишува „Дејли Меил“.
Арчи и Лилибет имаат право на титули по смртта на кралицата Елизабета според правилата утврдени од кралот Џорџ V во 1917 година – што го ограничи бројот на кралски членови кои ја користат титулата HRH.