САД воведоа нови санкции против Русија

САД воведоа нови санкции против повеќе од 30 руски субјекти, соопшти денеска американското Министерство за финансии.

На санкционираната листа, меѓу другото, се и Сојузниот истражувачки институт за применета физика, Федералниот институт за спектроскопија и Институтот за физика „Лебедев“, кои и припаѓаат на Руската академија на науките.

Со новата одлука, САД забранија продажба или извоз на квантни компјутерски услуги на кое било лице во Руската Федерација, а санкциониран е и водачот на администрацијата во регионот Запорожје, контролиран од Русија.

Министерството за финансии наведува дека е подготвено да воведе санкции против националниот платен систем во Русија.