Фудбалерот на Рома не доживеал срцев удар, покажа и фотографија од болница

Страшни сцени го заобиколија светот на вчерашниот натпревар помеѓу Удинезе и Рома во итлијанското првенство откако фудбалерот на „волчицата“, Еван Ндика колабираше на теренот во 72. минута.

По укажанта медицинска помош тој беше пренесен во болница каде се наоѓа во стабилна состојба.

Првичните претпоставки беа дека станува збор за срцев удар, но лекарската истрага го одби овој навод.

Се верува дека репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска во текот на натпреварот добил удар во пределот на градите кој му направил потешкотии со дишење.

Натпреварот помеѓу Удинзе и Рома не го дочека својот крај и се очекува да биде доигран во следните денови.

Како потсетување, пред колабирањето на Ндика на семафорот стоеше резултат 1-1.