Фридрих Мерц – нов шеф на германската ЦДУ

Фридрих Мерц – критичарот на екс-канцеларката на Германија, Ангела Меркел е избран за нов шеф на партијата ЦДУ откако на партискиот дигитален конгрес доби над 94% од гласовите.

На дигиталниот сојузен конгрес на Христијанско демократската унија, 66-годишниот Мерц со огромно мнозинство беше избран за нов партиски шеф.

Уште при крајот на 2021 година се одржа внатрепартиски референдум, а Мерц од гласовите на 380.000 партиски членови, зад себе ги остави конкурентите за лидерското место – Норберт Ретген и Хелге Браун.

Тој е трет шеф на ЦДУ по повлекувањето на Меркел од оваа функција во декември 2018 година.

„Знам какви задачи ме очекуваат како десетти претседател на оваа партија, од 1948 година досега, пред нив имам голема почит“ – изјави Мерц пред партискиот конгрес.