Рекордни 40.876 ковид позитивни во Полска за еден ден

Во Полска денеска се регистрирани рекордни 40.876 новозаразени со коронавирусот, соопшти тамошното Министерството за здравство.

Според здравствените власти во земјата, бројот на тестирани постојано расте во текот на изминатата недела, па денеска биле тестирани дури 151.000 луѓе.

Во Полска, земја со околу 38 милиони жители, има една од највисоките стапки на смртност од Ковид-19 – досега починале 103.819 луѓе.

Во исто време, стапката на вакцинација е под просекот за земјите од ЕУ.