Франција ги затвора границите кон Велика Британија
Туристите од Велика Британија нема да може да влегуваат во Франција поради загриженоста за зголемувањето на случаите поврзани со сојот Омикрон, јави „Скај њуз“.
Од сабота наутро Франција ќе ја спушти рампата за патувања кон и од Велика Британија, освен во случај на „посебни причини“, а тука не спаѓаат туристички и деловни патувања.
Французите и членовите на нивните семејства се изземени од новите правила.