Фон дер Лајен ја обвини Русија дека ги користи како оружје резервите на храна

Урсула фон дер Лајен – претседателката на Европската комисија ја обвини Русија дека ги користи како оружје резервите на храна бидејќи цените на житото, маслото за јадење и другите прехранбени производи се зголемуваат за време на инвазијата на Москва врз Украина.

„Во Украина која е окупирана од Русија, армијата на Кремљ ги конфискува резервите на жито и машините. А руските воени бродови во Црното Море ги блокираат украинските бродови полни со пченица и семки од сончоглед“ – изјави Фон дер Лајен во нејзиниот говор на Економски форум во Давос.

Таа додаде дека Русија сега го трупа сопствениот извоз на храна како форма на уцена, при што задржува залихите со што придонесува за зголемување на глобалните цени или тргување со пченица во замена за политичка поддршка.

„Ова значи искористување на гладот и житото за да ја зголеми моќта“ – рече таа.