Урсула фон дер Лајен – претседателката на Европската комисија денеска рече дека воведувањето ембарго на руската нафта, најавено претходно оваа недела, нема да биде лесно, но дека ЕУ „не може да и префрла пари на Русија на долг рок, со оглед на нејзините вредности“.
Таа потенцира дека ЕУ мора да ја намали својата зависност од рускиот гас, додавајќи дека „Русија повеќе не е доверлив партнер“.
Лидерите на ЕУ најверојатно ќе разговараат за нов пакет санкции против Русија, кои треба да вклучуваат забрана за увоз на руска нафта.