Министерот за правда Игор Филков оствари средба со в.д директорот на УИС, Александар Пандов на која разговараа за состојбите и условите во казнено поправните установи како и преземање на активности за подобрување на состојбите, спречување на корупцијата, насилството и соодветен третман на осудените лица.
Договорено е во наредниот период да се интензивира реализацијата на Проектот за „Реконструкција на казнено-поправните установи ” кој се спроведува со кредит од Банката за развој на Светот на Европа.
Успешната реализација на Проектот претставува само една од основите за подобрување на целокупната состојба со условите во затворите, постапувањето со притворените и осудените лица како и постигнување на ресоцијализација на лицата кои издржувале казна затвор.