
Филипче прашува: Ги проверува ли некој бунарите што се влеваат во Рашче?
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на брифинг со новинарите го опиша како „чиста импровизација и задоцнета реакција“ начинот на кој Владата се справува со загадувањето на водата во Гостивар отворајќи и дополнително прашање: Ги проверува ли некој воопшто бунарите кај Вардар и Лепенец, чија вода се влева во Рашче?
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на брифинг со новинарите го опиша како „чиста импровизација и задоцнета реакција“ начинот на кој Владата се справува со загадувањето на водата во Гостивар отворајќи и дополнително прашање: Ги проверува ли некој воопшто бунарите кај Вардар и Лепенец, чија вода се влева во Рашче?
Практично на долгата листа на градови и села со компромитирана вода за пиење тој го додаде и Скопје, поради одбивањето од власта да изнесе јавно документи врз основа на кои оценила дека техничката вода во Гостивар може да се користи – иако не и да се пие.
„Сите реакции се задоцнети. Дури денес Министерството за здравство донесе препораки за детекција на симптоми за хепатит во Гостивар, а јас пред две недели предупредив дека може да ни се случи таква епидемија“, рече Филипче на брифингот. Па, постави во тој контекст дополнително прашање: „Кој ја контролира техничката вода во Гостивар со која се мие храната во рестораните?“
„На сливовите на Вардар и на Лепенец има бунари што се слеваат во Рашче. Ќе провери ли некој дали се загадени?“, додаде Филипче, порачувајќи дека мерките што сега се преземаат се задоцнети и импровизација.
На забелешката дека според премиерот Христијан Мицкоски и додека тој беше министер за здравство имало случаи на загадување на водите за пиење, тој ги повика институциите да истражат , но нагласи дека е факт дека немало епидемија и загадување како ова сега во Гостивар.
Според листата што ја објави СДСМ се поголем е бројот на градови и села во кои е регистрирано загадување на водата за пиење и, покрај Гостивар, на неа се Крушево, Валандово, Булачани, Пласница, Лешок, Преглово, Маврово, Рич, Белотино, Башино Село, Елшани, Велестово, Сушица, Зубово, Дражево, Борисово, Колешино и Ново Коњарево, плус реките Лепенец и Вардар во регион каде што се близу бунарите кои го дополнуваат изворот Рашче.
„Цела Македонија останува без безбедна вода за пиење, а одговорен сè уште нема. Ниту еден“, порачаа од СДСМ утрово. Според оценката ова не е веќе епидемија туку системско труење на државата.