Филипче: Опсесијата на Мицкоски да слика голи поранешни функционери е на граница на невропсихологија

Опсесијата на Мицкоски со поранешни функционери за кои плаќа да ги сликаат голи очигледно е во сферата на невроспихологијата, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во реплика до премиерот Христијан Мицкоски.

Опсесијата на Мицкоски со поранешни функционери за кои плаќа да ги сликаат голи очигледно е во сферата на невроспихологијата, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во реплика до премиерот Христијан Мицкоски.

„Во однос на последниот дел, оваа ваша опсесија со поранешни функционери коишто плаќате да ги сликаат голи на плажа, ја веќе не можам да ја разберам. Очигледно дека е во сферата на некоја невропсихологија“, рече Филипче.

Претходно, тој го оспори тврдењето на премиерот дека економските показатели се добри, прашувајќи зошто тоа не го чувствуваат граѓаните.

„Премиере, ако е стварно така како што кажувате, па зошто луѓето не го осеќаат тоа? Ако стварно бројките се така добри, ако стварно добро и домаќински се задолжувате помалку и остварувате поголем раст, зошто нема зголемување на платите? Зошто нема раст на платите во образованието? Зошто нема во социјалната? Зошто нема во здравството?“, праша Филипче.

Тој додаде дека, доколку јавните финансии се толку успешни како што тврди Владата, тогаш треба да има и повисоки примања за работниците.

„Зошто нема минимална плата од 600 евра, ако така добро ги терате и ги водите финансиите?“, рече Филипче.

Реалноста е сосема поинаква од изјавите на Мицкоски кој ги лаже граѓаните.

„Вистината е дека тоа што го говорите не е вистина. Тоа е суштината. Дека сме презадолжени, дека парите одат за партиски тендери и дека граѓаните немаат никаков бенефит од тоа како ја водите економијата во државата“, истакна Филипче.

Тој предупреди и на, како што рече, последиците од актуелните политики врз европската перспектива на државата.

„Со вас, Христијан Мицкоски, ние сме на губитничката страна на историјата и ќе останеме заглавени… ќе бидеме слепо црево како што сме сега во Европа и во светот, изложени на странски влијанија на трети земји и ќе биде под ризик и иднината на земјата и иднината на младите коишто живеат тука“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.