Филипче за новите мерки: Eдна вакцина или ПЦР тест за сите вработени во јавниот сектор

Сите вработени во јавниот сектор и во локалната самоуправа при одење на работното место да прикажат потврда за примена најмалку една примена вакцина или ПЦР негативен тест кој ќе важи најмалку 72 часа. Ова го одлучи денеска Комисијата за заразни болести и истото ќе го предложи до Владата. И сето би било на сопствен трошок, рече министерот за здравство Венко Филипче.

„Препорачуваме во овие мерки да се приклучат и приватните компании. Веќе имаме на некој начин потврда, очекуваме дека ќе може да се приклучат, со оглед на тоа што од Сојузот на стопански комори стигна едно писмо со слични барања, а се со цел да се заштитат производствените капацитети и целокупниот економски процес во земјата“ рече тој.

Филипче смета дека ова е една од мерките со кои значајно ќе се зголеми опфатот со вакцинација.

„Има пациенти кои заболуваат и од други сериозни болести, мора да мислиме и на нив, не може да се занимаваме само со КОВИД и не може да правиме само КОВИД-центри, мора болниците да работат и за другите болести, за другите пациенти. Оваа мерка верувам дека ќе го зголеми опфатот со вакцинација и дефинитивно ќе се намали бројот на заболени од КОВИД“ вели министерот.