Актуелниот министер за здравство – Венко Филипче во изјава за ТВ24 рече дека веднаш по изборот на новата Влада, тој ја завршува политичката кариера и ќе се врати на својата професија, на Клиниката за неврохирургија.
„Ова беше едно големо искуство, но доста е од политика. Веднаш по завршување на владината реконструкција, се враќам на мојата основна професија како неврохирург во Клиничкиот центар“ рече Филипче.
На прашање дали размислува за амбасадорско место или друг ангажман во политиката, тој вели:
„Засега не размислувам во таа насока. Сметам дека најмногу можам да придонесам во здравство преку мојата професија“.