Министерот за здравство д-р Венко Филипче, во знак на благодарност, денеска беше домаќин на колегите лекари од болницата „Пирогов“ од Софија, Република Бугарија чиј медицински тим даде максимална здравствена нега и поддршка на нашите сограѓани кои беа повредени во тешката сообраќајна несреќа на автопатот „Струма” во Бугарија.
Министерот Филипче со проф. д-р Иван Поромански, директор на софиската болница, д-р Маја Аргирова началник на Клиниката за изгореници и пластична хирургија, главната сестра на болницата ги посетија Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија како и Клиниката за неврохирургија во Скопје каде беа префрлени пациентите повредени во несреќата.