Фила: Дадов предлог за решавање на спорот МПЦ-СПЦ, не ме послушаа!

„Начинот на кој може да се реши црковното прашање меѓу МПЦ и СПЦ е да седнат и за зборуваат, со преговори до негде ќе дојдат. Мојот предлог до митрополитот Стефан и починатиот патријарх Иринеј беше едно време Македонија да прифати дека српската црква е над неа, а патријархот само да се споменува во молитви. Да се договорат за одреден период, година, две, три, и потоа српската црква да и даде на македонската црква да биде независна. Со овие предлози досега ќе беше решена работата, но треба и Бугарите да се сложат“ вели адвокатот Тома Фила за Трилинг.