Приведено е уште едно лице во врска со убиството на матичниот лекар во скопска Железара кој беше најден со девет убодни рани.
Оваа информација денеска ја потврди техничкиот министер за внатрешни работи – Панче Тошковски во Струмица.
– Приведени се вкупно три лица. Претресот е завршен во доцните часови. Се продолжува со други истражни дејствија, се со цел да може да се утврди соодветната фактичка состојба. Така што, за нови дополнителни информации, јавноста ќе биде дополнително известена, рече Тошковски.
Од Јавното обвинителство засега не откриваат многу детали, велат дека мотивите допрва ќе се утврдуваат.
Пред точно една недела матичниот доктор Ацо Трповски беше пронајден мртов со девет убодни рани на паркингот пред Поликлиниката Железара. Го нашле неговите синови.