Уште еден ковид-позитивен тенисер на Вимблдон

Шпанскиот тенисер Роберто Баутиста Агут е новиот тенисер кој што се зарази со ковид-19 и предвреме го завршува својот настап на Вимблдон.

Шпанецот попладнево требаше да игра против Галан Риверос, но го предаде мечот и Колумбиецот без борба се пласира во третото коло, каде ќе се судри со подобриот од дуелот помеѓу Шаповалов и Накашимa.

Шпанецот Баутиста Агут е третиот тенисер кој поради ковид-19 се повлекува од Вимблдон, по Марин Чилиќ и Матео Беретини.