Уловена најголемата слатководна риба во светот, тежи 300 килограми
Во реката Меконг, во Камбоџа е уловена најголемата позната слатководна риба на светот – ража тешка 300 килограми. Досегашниот рекорд го држеше сом од 293 килограми, уловен во истата оваа река, ама во Тајланд. пред 17 години.
Реката Меконг извира на Тибетската висорамнина, а поминува низ Кина, Мјанмар, Тајланд, Лаос, Камбоџа и Виетнам.
Уловената ража е долга 3,98 и широка 2,2 метра. Локален рибар ја уловил на 13 јуни.