Украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека едно лице е убиено и едно е рането во Киев, а сепаратистите поддржани од Русија презеле контрола врз два града во областа Луганск.
Украински извори информираат дека во руските гранатирања досега загинале најмалку 7 лица, а деветмина се повредени.
Претходно руското Министерство за одбрана соопшти дека воздушните бази и воената инфраструктура на Украина се неутрализирани.