Украинскиот министер за одбрана: Војната стана европска!

„96 часа отпор. Четири дена победа, храброст, посветеност и верба“ – ова го напиша на Фејсбук украинскиот министер за одбрана – Олексиј Резников.

Тој рече дека постои силно верување дека непријателот кој убива жени, деца и уништува мирни градови ќе биде казнет и дека оваа казна е неопходна.

„Војната стана европска. Европа конечно го сфати тоа. Половина Европа веќе собира, пакува, носи оружје и опрема. Кругот на земји кои обезбедуваат вистинска помош значително се зголеми. Размерот исто така се зголеми. Европа веќе обезбеди привремено засолниште за десетици илјади за оние кои најмногу сакаме да ги заштитиме – нашите малечки и нивните мајки. Без никакви формалности. Како свои. Сега навистина немаме граница на запад. Но поддршка има и на југ и на далечниот исток и пошироко Атлантикот“, напиша Резников.