Украина и Русија ќе почнат мировни преговори на украинско-белоруската граница!

„Украина се согласи да ги почне мировните преговори со Русија, при што делегациите од двете земја ќе се сретнат на украинско-белоруската граница“, соопштија денеска од канцеларијата на украинскиот претседател – Володимир Зеленски.

„Нема услови за планираните разговори на границата“ – соопштија од неговиот кабинет.

Тој претходно денеска ја одби понудата на Кремљ да се состане во Белорусија, укажувајќи на фактот дека Русија делумно ја организирала својата инвазија на Украина од оваа земја.

Најновото соопштение доаѓа откако рускиот претседател Владимир Путин нареди да се стават во специјална готовност „оружјата за одвраќање“ на земјата, без конкретно да се спомене нуклеарното оружје.

„Врвните лидери на водечките земји на НАТО дозволуваат агресивни изјави против нашата земја, затоа му наредувам на министерот за одбрана и на началникот на Генералштабот да ги стават силите за одвраќање на руската армија на посебен режим на готовност“ – рече Путин.