„Каква што е ситуацијата во нашата држава, не може така преку ноќ, јас си одам и не знам што ќе се случи. Да се потсредат работите, да се договорат работите и потоа тоа ќе си следи, затоа што во дадениот контекст мора некој да ги продолжи работите што се до сега правени, а тоа дојде (оставката на Зоран Заев) тотално очекувано. И затоа е сега ова мало пролонгирање“ – вели универзитетскиот професор Ванчо Узунов кој е еден од соговорниците во вечерашното издание на „Трилинг“.
Прашан за тоа дали владата ќе продолжи со нов мандатар, Узунов во „Трилинг“ вели:
„Моите очекувања се, дури и да има промена, што не е премногу во овој момент изгледно, промена на гарнитурата на власт, да основните правци на политиката да не ги промени. Интегративните и развојните процеси на државата да не ги врати назад. Ако тоа успее, не е ни пресудно кој е мандатарот“.