Убиена е жена во косовскиот град Пеќ, уапсен е нејзиниот сопруг

Жена е убиена утрово во градот Пеќ во Косово, а осомничен за злосторот е нејзиниот сопруг, кој, според тамошните медиуми, ѝ се предал на полицијата.

Случајот го потврди портпаролот на Основното обвинителство во Пеќ, Шкодран Никчи, кој информира дека убиството се случило со огнено оружје, а додава и дека осомничениот е уапсен.

„Во Пеќ се случи убиство, при што се сомнева дека сопругот ѝ го одзел животот на сопругата во стан во центарот на градот. Во моментов на местото на настанот се главниот обвинител, обвинител и сите релевантни екипи. Осомничениот е уапсен“, изјави Никчи.

Полицијата соопшти дека инцидентот се случил денеска во 8 часот и 15 минути.

„Денеска околу 08:15 часот полицијата е известена дека на улицата `Бил Клинтон` во Пеќ се случил инцидент, полицијата веднаш излегла на местото на настанот, како и лекарска екипа, која констатирала смрт кај жртвата, осомничениот во овој случај е уапсен и се наоѓа во просториите на Полициската станица во Пеќ“, вели портпаролот на полицијата за регионот на Пеќ – Дритон Ругова.

Според медиумите, се работи за брачна двојка на околу 45-годишна возраст кои заеднички имаат три деца.

Мотивите за убиството се уште не се познати.