Арсовска: Универзална сала изгоре по еден месец откако е под Министерството за култура

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска на прес-конференција ја праша министерката за култура Бисера Стојчевска Костадиновска врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, како и врз врз основа на кое мислење за стабилност и сеизмичка заштита се прави тоа.

Арсовска одржа пред-конференција по повод пожарот во салата, каде што се осврна на изјавите на министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска и Лазар Арсовски, сопственик на „Универзал Балкан“ што ја врши реконструкцијата, а беа дадени дента кога се случи пожарот. Таа рече дека пожарот се случил само еден месец откако Министерството за култура ги превзело надлежностите над овој репрезентативен објект од Град Скопје.

Градоначалничката рече дека Град Скопје како сопственик не бил информиран за отпочнување на градежните активности, за кои зборува Костадиновска и праша, според изјавите на министерката, каде, кога и од кого е осигуран проектот, на која вредност и за кој случај на настанување на штета.

Искоментира и дека во оваа држава старите кабли се причина за сите пожари, по изјавата на Арсовски дека можно е пожарот да бил предизвикан од стар кабел или инсталација, истовремено прашувајќи од каде произлегле таквите сознанија.

Меѓудругото, Град Скопје побара и одговор зошто ако министерката осознала пред 9 часот за пожарот истото не го пријавила. Зошто работниците кои се обиделе самите да го гаснат пожарот не побарале помош, до оглед на тоа што во противпожарната бригада бил пријавен дури во 9.50 од случаен минувач. Град Скопје бара одговор и каде избил пожарот, односно каде работниците почнале да го гаснат.