Откако денеска на социјалните мрежи се појави снимка од бруталното претепување на хрватскиот ракометар – Денис Тот пред скопскиот клуб „Привилиџ“, на Фејсбук се огласи адвокатот и доскорешен судија – Владимир Туфегџиќ. Тој цени дека во конкретниот трагичен настан нема место за истрага за прикривање.
„Имено, непосредно после узнавањето дека починал младиот ракометар, на јавноста ѝ е пласирана „вистина“ дека починал од срцев удар, за да потоа биде соопштено дека случајот бил пријавен од девојка која случајно го пронашла како лежи на земја во близина на ноќниот клуб. Од денес објавените снимки јасно се гледа дека настанот се случил пред влезот на ноќниот клуб пред кој имало повеќе од три лица инволвирани во настанот како и неколку лица-сведоци на настанот, од кои едно лице се обидува да го заштити младиот човек кој непомично лежи на асфалтот“ – вели Туфегџиќ.
Тој напоменува дека „од снимките се гледа дека ниту кон лицето кое го предизвикало настанот, ниту кон девојката, обезбедувањето воопшто не реагира“.
„Во најмала рака, треба да се спроведе истрага и спрема обезбедувањето на ноќниот клуб кое е одговорно за безбедноста на лица пред влезот на објектот и да се утврдат евентуални пропусти“ – смета Туфегџиќ.
Убиството кое МВР и Ковачевски го кријаат pic.twitter.com/BunjthOoeI
— Реалниот (@Realniot21) April 11, 2022