Турција нема да воведе санкции против Русија

Официјална Анкара соопштува дека не планира да воведе санкции против Москва, со цел комуникацискиот канал со Русија да остане отворен, вели советникот на турскиот претседател, Ибрахим Калин.

„Кој ќе разговара со Русија, ако сите ги запалат мостовите? Не планираме да воведеме санкции, за да го оставиме отворен тој канал“ – појаснува Калин.

Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, изјави дека Турција ги предупредила сите крајбрежни и континентални земји, дека нема да пушти воени бродови низ своите мориња, а Анкара ја толкува Конвенцијата од Монтре, за да не поттикнува тензии и се консултира со сите.

„Завојувани страни не можат да ги преминат морињата. Единствен исклучок се бродовите што се враќаат во базите. Во тој случај, имаат право на враќање“ вели Калин.

Според него, Анкара се консултира со сите. Во овој момент нема барања за минување на воени бродови.

„Не треба ни да има. Отфрламе таков ризик во согласност со правилата на Монтре“ – нагласи тој.