„Западните земји треба да се обединат против Кина за да ја спречат да ги користи трговските интереси во обид да ги насочи една против друга“. Ова го изјави премиерот на Канада – Џастин Трудо. Тој смета дека Кина ги „изиграла“ западните земји така што тие се натпреваруваат едни против други за пристап до економските можности во таа земја.
„Ние се натпреваруваме и Кина, од време на време, не изигрува многу паметно на отворен пазарен, конкурентен начин“ рече Трудо во интервју за локална телевизија.
Тој порача и дека Западот мора подобро да соработува и да биде посилен за Кина да не може со лукави работи да бара начини да добие предност и да ги сврти западните земји една против друга.