Три нови оставки на директори на јавни претпријатија, разочарани се од градоначалничката Арсовска

Директорот на ЈСП Турс – Филип Василевски поднесе оставка на функцијата. Според неговата објава на Фејсбук, тој е разочаран од актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, за која вели дека е „посветена на кавги наместо на работа“.

Од функцијата се повлекува и директорот на ЈП „Улици и патишта“ – Борис Настов.

ВД директор на Јавното претпријатие за благосостојба на животни скитници Лајка – Скопје, Воислав Димитровски дава оставка од функцијата поради, како што вели, „недостаток на поддршка од страна на Град Скопје“.