Србија по изборите – Вучиќ освои трипати повеќе гласови од противкандидатот Понош.
Трилинг во Белград за да ја презентира постизборната состојба во земјата.
За регионалната политика, за „Отворен Балкан“, но и сублимат на состојбата во Србија по изборите. По Вучиќ – Вучиќ.
„Некои решенија Вучиќ ги дава веќе 10 години. Кога дојде ситуацијата меѓу Русија и Украина Вучиќ почна да им нуди на избирачите стабилност, но пред се и понуди стабилност на Европа. Тој ја прифати старата политика, им се обради на Брисел и на Вашингтон дека овде нуди стабилност. Тоа е максимумот кој може да го понуди“ вели Зоран Вулетиќ, претседател на српскиот Граѓански демократски форум.
Српскиот книжевен критичар – Саша Чириќ вели „Можеби Србија секако не е единствена, но е најдобар пример во последните 10 години за тоа како функционира власт. Постои една силна личност зад која стои партијата и која ги подредува под себе сите институции“.
Адвокатот Тома Фила смета дека „Разузнавачките служби се основ за една држава да функционира. Не може корупција без криминал“, а Душан Јаниќ, претседател на српскиот Форум за етнички односи вели:
„Ако Москва ви ја држи економската безбедност, тогаш таа ви го држи севкупниот систем на безбедност, затоа што енергетската безбедност е темелот. Ако сега ги погледнете реакциите од последиците од војната дека милиони шишиња вино не можат да отидат во Русија, во Украина, разбирате дека производството е свртено кон Русија. Како да заземете позиција против Русија ако енергетскиот сектор ви е зависен од Русија“.