Трилинг: Бугарски провокации – македонски реакции
Бугарски провокации, македонски реакции. Претепан е етнички Бугарин, Македонија е бугарска, забрана за влез во Скопје, прогласување на персона нон грата, повлечен бугарскиот амбасадор…
Дали македонско-бугарските односи влегуваат во нова деликатна фаза?
Прашања и дилемите на кои одговараат универзитетскиот професор Жидас Даскалоски и европратеникот Илхан Ќучук.
Француско-германски план за статусот на Косово. Дали српскиот претседател Вучиќ е ставен пред свршен чин – земи или остави? Може ли евентуалниот договор да се рефлектира и врз стабилноста на Балканот, разговор со еден од највлијателните српски новинари, Слободан Георгиев.
Семејното насилство и сексуалното вознемирување е проблем за кои жртвите сакаат јавно да зборуваат, разговор со проф. Ангелина Станојоска од битолскиот универзитет.