Треската Ласа ја зема првата жртва во Велика Британија!

Жител на англискиот град Бедфордшир е првата жртва во Велика Британија на треската Ласа, објави вчера британската агенција за здравствена безбедност.

Засега не се открива идентитетот на Британецот што бил заразен со вирусот од семејство што неодамна се вратило од Западна Африка.

Во Велика Британија досега се откриени само 10 случаи на болести што се пренесуваат преку глодачи.

Болеста е класифицирана како потенцијална пандемија и е на листата на приоритети на Светската здравствена организација, покрај еболата и денгата.

Треската Ласа е ендемична во дел од земјите на западниот брег на Африка.

Едно лице може да се зарази со вирусот по изложување на храна или предмети контаминирани со урина или измет на заразени стаорци.

Инфекцијата може да се пренесе и од човек на човек преку урина, столица, плунка, повраќање или крв.

Според СЗО околу 80 отсто од заразените со вирусот немаат никакви симптоми.

Симптомите вклучуваат крварење од устата и носот, главоболка, болки во грлото и повраќање.