„Сакам да ги прашам ДПМНе за нивното нереално ветување за линеарно зголемување на пензиите од 5 илјади денари – дали ќе биде наеднаш, во првата година од нивното владеење или на неколку рати или пак никогаш, односно ќе остане само предизборно ветување?“ праша коносителката на листата во ИЕ4 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Јована Тренчевска на митингот во Струмица.
Таа запраша и дали нивното ветување за линеарно зголемување на пензиите значи укинување на методологијата за усогласување на пензиите два пати годишно.
„Со постоечкото усогласување на пензиите во наредните години тие ќе растат многу повеќе од 5 илјади денари“ рече Тренчевска.
Таа додаде дека до крајот на мандатот на следната Влада, СДСМ ветува покачување на минималната пензија на 20 илајди денари, додека просечната да се искачи на 30 илјади денари.
„Сакам да упатам апел до сите пензионери, не дозволувајте да бидете манипулирани како 11 години кога владееја ДПМНЕ“ рече Тренчевска.