Филипче: Се фокусиравме на трајни политички решенија, кај нас нема скриени агенди

Наместо на ситни дневнополитичи поени се фокусиравме на трајни политички решениј, рече на митиингот во Струмица носителот на листата за пратеници на СДСМ и коалиција во Изборната единица четири, Венко Филипче.

„Не беше лесно да се донесат визионерски одлуки со кои се решаваат проблемите на овие и многу следни генерации. Ова е суштинската разлика помеѓу она што го нудиме ние и она што го нуди ВМРО-ДПМНЕ. Ние играме со отворени карти, граѓаните знаат каде сме сега каде ја водиме државата и што сакаме да постигнеме. Нема скриени агенди нема лажни одговори“ рече Филипче.

Тој се осврна и на понудата на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ игра со скриени карти. Тие се како оние продавачи кои продаваат производ во темна затворена кутија во која производот не се гледа. Ви велат може да ја отворите кутијата после изборите, само откако ќе платите со вашиот глас. А кога некој се обидува да ви продаде производ кој не може да го видите, бидете сигурни дека со тој производ нешто не е во ред“ подвлече Филипче.