„Повеќе од 20 години се расправаме, отвораме расправа околу промена на изборите правила, реформите на Изборниот законик, но првпат имаме суштинска отворена аргументирана расправа во која се вклучени и други политички партии“. Ова го изјави претседателот на Демократски сојуз – Павле Трајанов на Радио Канал 77.
Тој наведува дека анализата покажува дека не е точно дека големите партии ќе губат по еден или два пратеника, ќе губат многу повеќе.
„Ако им одземете на СДСМ сега 60 или 70 илјади гласови, или на ВМРО-ДПМНЕ тоа се околу 10-ина пратеници. Ние сега за сега сме да нема никакво исклучување на коалицијата, предлагаме промени само за една изборна едниница и без изборен праг. Сите други промени можеме ние во текот на расправата да ги прифатиме како сугестија или да се вметнат како амандман. Клучно е што во овој закон што ние ставивме одредба и за помалите етнички заедници околу 20 проценти да може да влезат во Парламент“ – посочи Трајанов.
Според анкетите, над 60 проценти од граѓаните се за промена на бројот на изборни единици, односно за една изборна единица.
„Досега имаме еднопартиски систем на владеење, партијата која што ќе дојде на власт, да не зборувам за ДУИ која што е константна долги години, но зборувам за ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, штом дојдат на власт тие ја преземаат целокупната власт во свои раце. Коалициските партнери без кои никогаш не би победиле, околу 25 партии со нив кои околу 5000 прават околу 100 000 гласови. Малите партии им служат само за собирање на гласови, штом дојдат на власт ги исклучуваат од било каква можност да влијаат на носењето на било некоја главна одлука“ – рече Трајанов.
Оценува дека ако се прифати концептот државата да биде една изборна единица, Парламентот ќе ја рефлектира различноста и определбата на граѓаните.