Момчето од Мароко кое 4 дена беше заробено во бунар ја загуби битката

Малиот Рајан (5) од Мроко кој 4 дена помина во бунар длабок 32 метри, почина откако спасувачите го извлекоа од бунарот, соопштија мароканските власти.

Информациите се дека момчето починало пред спасувачите да дојдат кај него.

Странските агенции објавија дека спасувачите со раце ги ископале последните 3 метри во бунарот за да не дојде до одрон.

Спасувачките служби со денови се обидуваа да стигнат до Рајан, кој пред четири дена падна во јамата. Беа вклучени бројни служби, а особено се стравуваше од одрони со оглед на тоа што јамата се наоѓа на свлечиште.

Теренот бил составен од мешавина од камења и песок, па спасувачките служби морале да употребат тешка механизација за да стигнат до момчето.

Несреќата се случила кога таткото на Рајан работел на поправка на бунарот.

Кралот Мухамед Шести од Мароко ги повикал родителите на момчето за да им изрази сочувство.